18 May 2012

Карпош тоне во долгови



Касата на општината Карпош тоне во се поголеми долгови, истакна на денешната прес-конференција Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради покривањето на овој долг, но веројатно и поради потребата за покритие на сите сомнителни зделки кои станаа очигледни, Стевчо Јакимовски поднесе предлог за продажба на новата општинска зграда, објект кој што пред само две години беше целосно адаптиран од основно училиште во општинска зграда.


Додека Јакимовски изминативе години на крајно нетранспарентен начин општинските пари ги расфрлаше по разни невладини организации блиски до него и на функционери до СДСМ, додека си предвидуваа огромни суми на пари за караоке забави, еднодневни обуки итн, долгот на Општината во континуитет растеше.

Денес сомневањата се дека долгот на Општината е близу 6  милиони евра. Целата зграда Јакимовски сака да ја продаде по цена од 2,7 милиони евра, што значи дека и овие пари  не му се доволни за покривање на буџетската дупка.

Со оглед на тоа дека се работи за имот на сите граѓани на Карпош, како членови на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ сме должи да информираме за тоа што се случува.

Стевчо Јакимовски е единствениот пример на градоначалник кој не само што НЕ изгради ништо, туку и го распродава имотот на Општината создаван со парите на сите граѓани на Карпош.

Згора на тоа во Карпош изминативе години не е изграден ниту еден капитален објект. Карпош заслужува повеќе!

Стевчо Јакимовски ниту прашал и ниту добил мандат од граѓаните да продава зграда на цело училиште. Јакимовски тоа не го вети на минатите избори и не доби подршка за истото.

Имајќи го во предвид минатото работење на Стевчо Јакимовски се поставува прашањето- Каде ли ќе отидат и овие пари? Дали и овие пари ќе завршат кај партиските активисти и неговите послушници, или се пари кои ќе се потрошат во изборната кампања за локалните избори?

Ги  повикуваме сите граѓани  заеднички да го спречиме  Јакимовски во уништувањето на нашиот Карпош. Заеднички да го спречиме расипничкото однесување на градоначалникот и да кажеме НЕ на продажбата на административните објекти на Општината.