31 May 2013

ВЛАЈКО КУП-2013

Во неизвесна и возбудлива атмосфера, вчеравечер, на терените од спортско рекреативниот центар во населбата Влае, се одиграа финалните натпревари од традиционалниот турнир во мал фудбал „Влајко Куп - 2013“во организација на Здружението Влајко ПРОАКТИВНИ ГРАЃАНИ Скопје. Во натпреварот за трето место кој беше исполнет со многу постигнати голови екипата на „Ол стар“ со 3 спрема 2 ја совлада екипата на „Давидов кафе“. Во финалето се сретнаа екипите на „Сендвичара 99“ и „Кај мајсторот“.
Прва во водство дојде екипата на „Кај мајсторот“ и предноста ја чуваа се до третата минута пред крајот, кога екипата на „Сендвичара 99“ успеа да го изедначи резултатот. Така,крајниот резултат на натпреварот беше 1 спрема 1 па мораше да се извевудаат пенали, во кои поуспешна беше екипата на „Кај мајсторот“.Фудбалерите на овој тим реализираа еден пенал од три обиди , додека екипата на „Сендвичара 99“ не реализираше ниту еден. Наградите за третото место за екипата на „Ол стар“ ги врачи селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години Господинот Боби Стојкоски. Претседателот на советот Сашо Лазаревски ги додели наградите на второпласираната екипа „Сендвичара 99“ . Градоначалникот Јакимовски ја врачи наградата на шампионите, а исто така ги додели наградите за најдобар играч на Горан Јовчевски од екипата на „Сендвичара 99“, за најдобар голман беше прогласен Един Прељевиќ од екипата на „Кај мајсторот“, и најдобар стрелец од истата екипа Бојан Ѓуровски.

Превземено од Општина Карпош

29 May 2013

Завршена третата фаза од булеварот Илинден

Денес Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град скопје г-ѓа Ирена Мишева и Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски ја пуштија во употреба и третата реконструирана фаза од Бул. Илинден кој се протега од бензинската на Мак Петрол да ул. Љубљанска.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

09 May 2013

Велигденска средба во Нерези

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на Велигденската средбата помеѓу Црковниот и Џамискиот одбор од Нерези која се оддржа во просториите на Црквата Св. Пантелејмон во Долно Нерези, а беше во организација на Општина Карпош.
На средбата се разговараше за меѓуетничката и меѓуконфесионалната соработка во Карпош и за негувањето на заедничкото живеење и традицијата во оваа општина. По тој повод г-дин Лазаровски истакна:
„Оваа средба е дел од добрата соработка и соживотот што го имаат граѓаните на Општина Карпош, за кои отсекогаш била и ќе биде една убава традиција, особено во овој дел во Нерези, каде што живеат луѓе со мешан етнички состав. Општина Карпош, односно, јас, како Претседател на Советот, и Градоначалникот Стевчо Јакимовски ќе продолжиме да работиме во духот на соработката и постојано ќе настојуваме да дејствуваме заеднички за да има што е можно подобро разбирање за граѓаните заеднички да продолжат да живеат во мир, толеранција и пријателство на територијата на Општина Карпош“.
Своето задоволство го истакна и Хаџи Исмаили Невзат со тоа што му заблагодари на градоначалникот на Општина Карпош за соработката во текот на целата година. Кон истата честитка се придружи и отецот Круме Јаневски, кој истакна дека овие верски празници ги зближуваат граѓаните на Карпош и порача и идните генерации да го прават истото и да дозволат оваа традиција да опстане и понатаму.



Видеото е превземено од веб страната на ALFA TV

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!