13 November 2013

ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖА 13-ТИ НОЕМВРИ

По повод одбележувањето на 69 годишнината од ослободување на Скопје, денеска, висока делегација од Општина Карпош предводена од Стевчо Јакимовски, секретарот Владо Поповски и претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и пред гробот на генерал Михајло Апостолски.

Високата делегација од Општина Карпош им оддаде почит на паднатите борци, положувајќи букет-цвеќе и пред споменикот на ослободителите на Скопје, лоциран пред Владата на Република Македонија. На оваа свеченост присуствуваа градоначалниците од скопските општини, претставници на Дипломатскиот Кор во Република Македонија, претставници од владините институции и делегација на Сојузот на борци од Македонија. Во рамките на оваа манифестација, се обрати генералот во пензија, Тодор Атанасовски, кој пред присутните го истакна значењето на овој голем празник за градот Скопје и за нашата држава.

Превземено од Општина Карпош

11 November 2013

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 37 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

Со изведба на државната химна на Македонија, во присуство на 700 гости, вчеравечер во хотелот „Александар Палас“, општинската администрација со пригодна свеченост ја одбележа 37 годишнината од постоењето на локалната самоуправа. На оваа манифестација присуствуваа претседателите и делегациите од збратимените општини, Тиват (Црна Гора), Стари Град и Травник (БиХ), Нов Белград, Врњачка Бања и Сремски Карловци (Србија) и други видни личности од културниот и политичкиот живот од Македонија и од странство. Во рамките на оваа свеченост градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше прогласен за почесен граѓанин на општина Тиват. Притоа, Јакимовски потпиша протокол за соработка со претседателот на Советот на Општина Сремски Карловци, Миленко Филиповиќ и со заменик претседателот на Општината Врњачка Бања, Андрија Боќанин, со што Општина Карпош официјално се збратими со овие две српски општини. Со овој свечен документ потписниците на Протоколот се обврзуваат дека врз основа на вистинско меѓусебно почитување, засекогаш ќе воспостават различни форми на соработка, размена на идеи за реализација на проекти од заеднички интерес во областа на економијата, културата, образованието, туризмот, спортот, заштитата на природното и културното наследство.

29 September 2013

Средба со жителите на Бардовци, Злокуќани и Нерези

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски заедно со други функционери од локалната и централната власт оствари средба со жителите на Бардовци, Злокуќани и Нерези. На неа жителите на овие населени места имаа можност директно до надлежните функционери да ги пренесат своите проблеми и барања и во рамките на нивните овластувања и законски можности да изнајдат решение за истите.
Средбите продолжуваат и во наредниот период.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

21 September 2013

КАРПОШ И ЦИВИЛ ЗАЕДНИЧКИ ГО ЧЕСТВУВАА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ НА ООН

Општина Карпош заедно со ЦИВИЛ - Центар за слобода на платото на ТЦ Каропош 3 (Лептокарија) на оригинален и креативен начин го одбележаа 21 Септември, Светскиот ден на мирот и толеранцијата. На платото во Лептокарија се одржа Отворен ден за деца и млади, кој беше посветен на човековите права и ненасилството. Притоа, своето чествување учесниците од Карпош, но и од целата земја, го изразија преку сликарски творби и цртежи, а падна и првата клапа од документарниот филм на екипата на млади кои се формираше од Летната школа за камера, филмска продукција и водеоактивизам на ЦИВИЛ. По овој повод, на едно место, се споија младите кративци кои се дел од проектот на програмата на Civica Mobilitas „Сите бои на мојата земја“ и младите и надежни ликовни уметници учесници на ликовната колонија „Свети Пантелејмон“ која традиционално ја организира Општина Карпош.

19 September 2013

Средба со жителите на Влае

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски заедно со дел од советниците во Општина Карпош како и други функционери од локалната и централната власт остварија средби со жителите на урбаните заедници Влае 1 и Влае 2.
Граѓаните директно ги доставија своите прашања и предлози до надлежните функционери и можеа директно да ги добијат одговорите на истите.
Средбите продолжуваат во наредниот период. 

07 June 2013

Интевју: ДА ГИ СПОДЕЛИМЕ ОДГОВОРНОСТИТЕ

Интервју на Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски за Карпош Урбан, за да го погледнете кликнете на следниот ЛИНК!



31 May 2013

ВЛАЈКО КУП-2013

Во неизвесна и возбудлива атмосфера, вчеравечер, на терените од спортско рекреативниот центар во населбата Влае, се одиграа финалните натпревари од традиционалниот турнир во мал фудбал „Влајко Куп - 2013“во организација на Здружението Влајко ПРОАКТИВНИ ГРАЃАНИ Скопје. Во натпреварот за трето место кој беше исполнет со многу постигнати голови екипата на „Ол стар“ со 3 спрема 2 ја совлада екипата на „Давидов кафе“. Во финалето се сретнаа екипите на „Сендвичара 99“ и „Кај мајсторот“.
Прва во водство дојде екипата на „Кај мајсторот“ и предноста ја чуваа се до третата минута пред крајот, кога екипата на „Сендвичара 99“ успеа да го изедначи резултатот. Така,крајниот резултат на натпреварот беше 1 спрема 1 па мораше да се извевудаат пенали, во кои поуспешна беше екипата на „Кај мајсторот“.Фудбалерите на овој тим реализираа еден пенал од три обиди , додека екипата на „Сендвичара 99“ не реализираше ниту еден. Наградите за третото место за екипата на „Ол стар“ ги врачи селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години Господинот Боби Стојкоски. Претседателот на советот Сашо Лазаревски ги додели наградите на второпласираната екипа „Сендвичара 99“ . Градоначалникот Јакимовски ја врачи наградата на шампионите, а исто така ги додели наградите за најдобар играч на Горан Јовчевски од екипата на „Сендвичара 99“, за најдобар голман беше прогласен Един Прељевиќ од екипата на „Кај мајсторот“, и најдобар стрелец од истата екипа Бојан Ѓуровски.

Превземено од Општина Карпош

29 May 2013

Завршена третата фаза од булеварот Илинден

Денес Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град скопје г-ѓа Ирена Мишева и Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски ја пуштија во употреба и третата реконструирана фаза од Бул. Илинден кој се протега од бензинската на Мак Петрол да ул. Љубљанска.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

09 May 2013

Велигденска средба во Нерези

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на Велигденската средбата помеѓу Црковниот и Џамискиот одбор од Нерези која се оддржа во просториите на Црквата Св. Пантелејмон во Долно Нерези, а беше во организација на Општина Карпош.
На средбата се разговараше за меѓуетничката и меѓуконфесионалната соработка во Карпош и за негувањето на заедничкото живеење и традицијата во оваа општина. По тој повод г-дин Лазаровски истакна:
„Оваа средба е дел од добрата соработка и соживотот што го имаат граѓаните на Општина Карпош, за кои отсекогаш била и ќе биде една убава традиција, особено во овој дел во Нерези, каде што живеат луѓе со мешан етнички состав. Општина Карпош, односно, јас, како Претседател на Советот, и Градоначалникот Стевчо Јакимовски ќе продолжиме да работиме во духот на соработката и постојано ќе настојуваме да дејствуваме заеднички за да има што е можно подобро разбирање за граѓаните заеднички да продолжат да живеат во мир, толеранција и пријателство на територијата на Општина Карпош“.
Своето задоволство го истакна и Хаџи Исмаили Невзат со тоа што му заблагодари на градоначалникот на Општина Карпош за соработката во текот на целата година. Кон истата честитка се придружи и отецот Круме Јаневски, кој истакна дека овие верски празници ги зближуваат граѓаните на Карпош и порача и идните генерации да го прават истото и да дозволат оваа традиција да опстане и понатаму.



Видеото е превземено од веб страната на ALFA TV

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

30 April 2013

Сашо Лазаровски избран за Претседател на Советот на Општина Карпош

Денес со почеток од 15 часот Советот на Општина Карпош ја оддржа својата втора седница.
На неа, со 14 гласа „ЗА“ г-дин Сашо Лазаровски беше избран за Претседател на советот на Општина Карпош. Тој стана Претседател со поддршката на советниците од советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СНСМ.
Г-дин Лазаровски го напушта местото заменик министер за локална самоуправа на Република Македонија се со цел да допринесе колку што може повеќе за жителите од својата општина.
Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош освои најголем број на гласови на овие локални избори.
Лазаровски се заблагодари на поддршката и го изрази свето убедување дека ќе има успешна соработка со сите советници, без разлика од која политичка партија и припаѓаат.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

16 March 2013

Интервју за Скопјеинфо

Скопјеинфо: Кој е Сашо Лазаровски, приватно и службено?

Сашо Лазаровски е пред се татко и сопруг, човек на кој семејството му е најважното нешто во животот! Сашо Лазаровски е човек кој во животот напредувал скала по скала, чекор по чекор, човек кој со својот труд и знаење успеал да стигне таму каде што е во моментов. Јас сум спортист, човек кој потекнува од спортско семејство. Мојата мајка беше тренер по пливање, а мојот брат во две наврати ги бранеше боите на Македонија на олимписките игри. Јас лично по завршувањето на спортската кариера бев потпретседател на Ватерполо федерацијата на Република Македонија.

Скопјеинфо: Во моментов сте заменик Министер за локална самоуправа на Република Македонија и носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ во Општина Карпош, кои се Вашите планови за Карпош?

Точно, јас во моментов сум заменик Министер за локална самоупава на Република Македонија, сепак јас сум човек кој потекнува од Карпош, човек кој сака децата да му растат во Карпош, но во Карпош кој ќе биде модерен, урбан, но и пријатен и мирен за живеење. За разлика од против кандидатите на г-ѓа Јагнула Куновска, г-динот Стевчо Јакимовски и г-динот Андреј Петров кои во дадени моменти од својата кариера кога им беше понудено да добијат повисока функција ја напуштија општината, јас доаѓам овде за да го вложам сето мое знаење и енергија за Карпош да стане подобра, помодерна и поурбана општина за живеење. Мене лично, ми е огромно задоволство и чест што јас сум носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош, листа која е составена од луѓе кои во својот живот се докажале во своето делуваање како на професионално така и на приватно поле.

08 March 2013

Советничка листа


Кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош:

24 February 2013

Посета на месниот комитет на Бардовци

Во текот на денешниот ден кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и носителот на советничката листа г-дин Сашо Лазаровски остварија посета на МК Бардовци.
Тие направија прошетка со жителите на Бардовци и ги посетија Црквата Св. Тројца, Хамзи пашините конаци и фудбалското игралиште.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

23 February 2013

Турнир во баскет

Во здраво тело, здрав дух. Во слоганот на оваа парола денеска 23.02.2013 УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош организираше баскет турнир, на кој млади од 15 екипи се натпреваруваа за првото место.
Победникот на овој натпревар доби пофалница за учеството како и за подршката на владината стратегија за правилен раст и развој на младите.
За да видите повеќе повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 February 2013

На кафе во Барбакан

Денес кандидатот за Градоначалник на Општина Карпош на ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Јагнула Куновска и носителот на советничката листа г-дин Сашо Лазаровски имаа неформална средба со дел од бизнис заедницата во кафе Барбакан.
Средбите продолжуваат и понатаму. За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Средба со студентите

Студентите од повеќе универзитети од РМ, членови на ВМРО-ДПМНЕ побараа да остварат средба со кандидатот за градоначалник на општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и носителот на советничката листа г-дин Сашо Лазаровски.
На оваа средба се дискутираше за можностите на локалната самоуправа за активно помаѓање на студентите.
Исто така студентите ги истакнаа својте размислувања за активно вклучување на самите нив во локалната самоуправа преку најразлични проекти. Оваа средба заврши со договор за понатамошна соработка помеѓу студентите и општина Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Средба со граѓаните пред ТИНЕКС маркетот во Тафталиџе

Во текот на денешниот ден носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски заедно со кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска имаа средба со граѓаните пред ТИНЕКС маркетот во Тафталиџе.
Граѓаните беа задоволни што лично од кандидатите можат да ја добијат програмата и што можеа да ги споделат своите мислења со нив.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

21 February 2013

Лазаровски на отпочнување на ИПА проект во Берово

Почитувани,
во текот на денешниот ден г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на отпочнување на проектот за изградба на кејот на реката Брегалница во Општина Берово финансиран преку ИПА фондовите на Европската Унија.
Во своето обраќање г-дин Лазаровски истакна дека во овој проект финансиран преку Европската Унија се вклучени Општина Берово од страна на Р. Македонија и Општина Сандански од страна на Р. Бугарија, а за истиот се планирани околу половина милион евра подеднакво распоредени за двете општини.
Со реализирањето на проектот централното градско подрачје во Берово ќе добие нов урбан имиџ. Со уредувањето на кејот на реката Брегалница и околниот простор Берово ќе добие нови содржини кои ќе бидат интересни за сите генерации како пешачка патека, велосипетска патека, скејт парк и простор уреден со урбана опрема.
Берово станува значајна туристичка точка во Република Македонија и Владата преку Министерството за Локална самоуправа ќе продолжи да го поддржува преку реализација на вакви и слични проекти.
Особено е важно што сретствата за реалзација на овие проекти доаѓаат од Европската Унија и досега заедно со Република Бугарија имаме отпочнато 53 вакви проекти односно 145 проекти отпочнати со сретства на Европската Унија наменети за погранична соработка на ниво на целата држава.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

16 February 2013

Крводарителска акција

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше втора голема КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА под мотото „ДАРУВАЈ КРВ, ПОДАРИ ЉУБОВ“.
Акцијата се оддржи од 11 до 16 часот во просториите на библиотеката „Другарче“ во населбата Карпош 3.
Крвта е наменета за најболните деца кои се лекуваат на Клиниката за Детски Болести, Скопје.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

14 February 2013

Промоција на кандидатот за градоначалник на Сопиште

Во текот на денешниот ден г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Сопиште, г-дин Стефче Трпковски.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

12 February 2013

Промоција на кандидатот за градоначалник на Кратово

Во текот на денешниот ден заменик министерот за Локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на Оптина Кратово г-дин Мите Андоновски.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

11 February 2013

Промоција на кандидатот за градоначалник на Македоски Брод

Во текот на денешниот ден заменик министерот за Локална самоуправа, г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Македонски Брод г-дин Милоцим Војнески.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

09 February 2013

Промоција на кандидатите за градоначалници на Карпош и Аеродром

Во текот на денешниот ден заменик министерот за Локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на отворањето на Изборниот Штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, г-дин Ивица Коневски.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

08 February 2013

Промоција на кандидат за Општина Јегуновце

Во текот на денешниот ден заменик министерот за Локална Самоуправа г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на промоција на кандидат за градоначалник на Општина Јегуновце, г-дин Тони Коцевски.


- ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одговорен пристап и домаќинско работење и покажува дека работиме на сите полиња каде има предизвик, а секогаш заедно со граѓаните и во нивен интерес. Тони Коцевски успеа за кратко време да направи за општината многу работи и многу повеќе од тоа што не било преземено повеќе децении во овој реон, изјави Лазаревски.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

19 January 2013

Прослава на Христијанскиот празник Богојавление - Водици

Заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски беше кум на денешната прослава на големиот Христијански празник Богојавление - Водици која се одржа во Црквата Св. Пантелејмон во Нерези. Прославата започна со свечена литургија, а потоа продолжи со осветувањето на водите на реката Вардат кај стариот железнички мост во Нерези, каде што на прославата и се приклучија и верниците од општината Ѓорче Петров, односно од Црквата Св. Петар и Павле.
На прославата присуствуваа бројни функционери од централната и локалната власт, меѓу кои Претседателот на Собранието на Р. Македонија г-дин Трајко Вељановски, Градоначалниците на Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров Стефчо Јакимовски и Сокол Митровски, но и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и други функционери од централната и локалната власт.
На овогодинешната прослава најмногу среќа имаше Кристијан Андреев од Нерези кој го извади Светиот Крст од водите на реката Вардар. За него, г-динот Сашо Лазаровски како кум на прославата обезбеди LCD телевизор.
Нека ни е за многу години празникот. БОГ СЕ ЈАВИ!

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

17 January 2013

Сашо Лазаровски - Кум за Водици во Нерези

Заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски е кум на овогодинешното празнување на Богојавление - Водици кое ќе се одржи на 19.01.2013 (Сабота) во Црквата Св. Пантелејмон во Нерези.
Празнувањето ќе започне со литургија во Црквата која ќе започне во 10:00 часот, а по завршувањето на истата присутните ќе се упатат на мостот на реката Вардар во Нерези каде што заедно со верниците кои ќе дојдат од Црквата Св. Петар и Павле од Општина Ѓорче Петров ќе го проследат фрлањето на Светиот Крст во водите на реката Вардар.
Ве покануваме и Вие да бидете дел од овој убав и свечен настан.

09 January 2013

Сашо Лазаровски, претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на вчерашниот ден на својата редовна седница, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на претседатели на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, при што г-дин Сашо Лазаровски е избран за претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!