04 December 2012

Со стратешко планирање до поголема транспарентност и подинамичен развој на општините

Заменикот министер за локална самоуправа, Сашо Лазаровски, во Скопје, го отвори циклусот на обуки за стратешко планирање во општините.

- „Целта е општините да ги зајакнат административните капацитети за стратешко планирање, со што ќе се обезбедат услови за квалитетно дефинирање на приоритетите и целите, како и на мерките за нивна реализација, во правец на обезбедување на подобри услуги за граѓаните и воопшто повисок квалитет на живеење во локалните заедници“, рече заменикот министер, Сашо Лазаровски.

Лазаровски ја истакна важноста од подигнување на нивото на транспарентност и отчетност во општините, како услов за добро управување, кон што ќе придонесе и оваа обука за стратешко планирање.

- „Изработката на квалитетни стратешки планови e основа за планиран и динамичен развој на општините, но и за транспарентно и одговорно планирање и трошење на општинските средства, истакна Лазаровски.

Обуките се реализираат во организација на Министерството за локална самоуправа и Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија, во соработка со ЗЕЛС.

Согласно барањата на Европската Комисија за зајакнување на квалитетот на стратешкото планирање и на локално ниво, со обуките ќе бидат опфатени сите 84 општини, а ќе се реализираат во осумте плански региони во државата.

21 November 2012

Ден на дрвото

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија, Сашо Лазаровски учествуваше во јубилејната 10-та акција „Ден на дрвото“. Овој пат централната манифестација се одржа на територија на Општина Карпош, во новиот парк „Македонија“ во населбата Козле.
За да видите повеќе кликнете на овој ЛИНК!

23 October 2012

Честит 23-ти Октомври


Честит 23-ти Октомври на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци.
На овој ден пред 119 години шест млади Македонски интелектуалци ја зачнаа идејата за создавање на една независна чисто Македонска револуционерна организација која одвнатре ќе се бори за слобода на Македонија и Македонскиот народ. Тие не ни сонувале што нивната организација ќе направи за Македонија и колку брзо ќе биде прифатена од народот. Токму затоа, денес на овој ден ние го славиме денот на Македонската револуционерна борба, ден кога е институционализирана револуционерната мисла на една мала група на млади Македонски интелектуалци во една конкретна организација со јасно истакната цел, слободна Македонија!
За многу години.

20 October 2012

СДСМ го потврди недомаќинското работење на Александар Петрески



Вообичаено СДСМ лиферува реакции за се и сешто, но вчера тие молчеа за самоволието и хаосот предизвикан од концесионерот на паркинзите во Охрид, избран од Општината Охрид и градоначалникот Петрески.

Ова значи дека и самата СДСМ е свесна за недомаќинското работење на нивниот градоначалник. Но тие свесно го толерираат неговото хаотично работење и го поддржуваат со самото тоа што го одреденија за нивен кандидат за градоначалник.

11 October 2012

Честит 11-ти Октомври

Честит 11-ти Октомври на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци.
На овој ден пред 71 година Македонскиот народ покажа дека нема да трпи ничија тиранија ни наметнати режими и преку заедничка сенародна борба дојде до своја држава.
За многу години денот на македонското народно востание.

04 October 2012

Проекти за прекугранична соработка во Источниот регион

Истоичниот плански регион преку Министерството за локална самоуправа во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија од вториот повик дополнително доби 12 проекти во вкупна вредност од  3,3 милиони евра.

Сретствата најмногу се искористени за инфраструктурни обејкти во повеке општини од регионот, како директна потреба на граѓаните, истакна на денешната средба со градоначалниците од Источниот регион заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски.

03 October 2012

Нов мост на реката „Мала Рада“ во Драчево


Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на пуштањето во употреба на мост на реката „Мала Рада“ , кој ќе ги спојува скопската населба Драчево со истоименото село. Овој мост е дел од програмата на градоначалникот на Општина Кисела Вода г-динот Марјан Ѓорчев од минатите локални избори.
Лазаровски во името на Владата на Република Македонија на Градоначалникот Ѓорчев му честиташе за овој капитален проект и ги повика и другите градоначалници на овој начин да ги решаваат проблемите на своите жители.

08 September 2012

Среќен 8-ми Септември

Сакам на сите граѓани на Република Македонија, како и на сите Македонци ширум светот да им го честитам Денот на независноста, денот кога Македонците и граѓаните на Македонија решија да живеат во независна, суверена  и самостојна држава, ден на кој се оствари вековниот сон! Нека ни е за многу години.

09 August 2012

Св. Пантелејмон

По повод славата Св. Пантелејмон, а како овогодинешен кум на истата во населбата Нерези, г-динот Сашо Лазаровски присуствуваше на вчерашната вечерна прослава и денешната молитвена литургија со која чиноначелствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Честа за овогодинешното кумство која г-дин Лазаровски ја доби од жителите на Нерези е огромна!
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

08 August 2012

11 години КАРПАЛАК

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски како дел од партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на спомен обележјето на местото каде пред 11 години животот го загубија 10 Македонски бранители.
Слава на хероите. Битката за Македонија продолжува, таа никогаш нема да заврши, таа е процес во која секоја генерација има свој дел и своја одговорност!

07 August 2012

Градот Скопје и Владата секојдневно реализираат проекти во општина Карпош



Стевчо Јакимовски ја троши последната година од својот мандат како градоначалник на Општина Карпош. И како што се ближат следните локални избори така неговата нервоза и страв стануваат се поголеми. Свесен е и самиот дека граѓаните го осуетија неговото недомаќинско трошење на народните пари и реализирање на ситни, несуштински проекти кои беа само шминка на огромните скандали кои го следеа.

14 July 2012

СДСМ во Богданци ги препознаваат по криминалот



Денoвовие СДСМ се во Богданци. Добро е, барем ќе видат дека овој град воопшто постои. Тие 20 години не направија ништо добро за оваа општина ниту пак некој од СДСМ ја посети.

Но кога веќе се таму, ќе им порачаме да им објаснат на граѓаните од Богданци како се случи поранешниот градоначаник на СДСМ од Богданци Горги Петрушев да проневери цели 90 илјади евра, кои беа наменети наместо за санација на поплавите, да завшрат во приватни џебови, кадри на СДСМ.

10 July 2012

СДСМ губи контакт со реалноста



СДСМ губи контакт со реалноста. Тие повеќе не се ни слушаат што говорат.

Лицемерно и безобразно е СДСМ да говори за минималната плата. СДСМ цели 15 години беше на власт и не донесе закон за минимална плата. Кога работниците преку синдикатите бараа по 6.000 денари загарантирана плата, владата на СДСМ ги одби. Дури и ги навредуваше, нивниот министер Стевчо Јакимовски изјавуваше дека се заштитени како “мечки од планина”.

07 July 2012

Црвенковски во Крива Паланка толерираше криминал и не направи ништо добро



Деновиве СДСМ ги повика граѓаните од Крива Паланка да кренaт глас за да СДСМ повторно се врати на власт.

Наместо „работно лето“ по грчките острови, им препорачуваме да ги посетат граѓаните од Крива Паланка кои остана без работа, буквално на улица во времето кога СДСМ им ги затвори фирмите. Да ги посетат невработените од: Пелагонија, Малина, Гигантот Карпош (Декор, Конфекција, Предилница) фирми кои се затворија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски невработените од Тигар, Угостител, Бентомак - рудник, Пролетер, Крива Река, 8-ми Октомври фирми кои се упропастија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски како и да ги посетат невработените Рудник Тораница, Килимара исто така затворени во време на СДСМ.

04 July 2012

Макрадули наместо да ги поздрави нашите 2000 остварени проекти, тој само критикува



Во моментот кога целата експертска јавност во областа на енергетиката го поздравува фактот што Македонија направи крупен исчекор во процесот на нејзино гасифицирање, СДСМ како и за сите други 2000 проекти кои ги направи Владата, не успева да ја скрие желбата да критикува и тоа да критикува без аргументи.

27 June 2012

Стевчо Јакимовски да каже колку пари должи општина Карпош



Запрашан Стевчо Јакимовски за тоа дали и колку должи Општината, тој не одговори директно. Во неговиот препознатлив арогантен стил почна да обвинува за тоа колку должеле другите.

Епа господине Стевчо Јкаимовски, како човек кој доаѓа и живее во Карпош, како човек кој секојдневно комуницира со граѓаните на Карпош, не интересира колку ја задолживте како градоначалник вие општина Карпош?

20 June 2012

За Јакимовски поважни се караоке забавите отколку граѓаните на Карпош


Како што веќе и претходно Ве информиравме недомаќинското однесување на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја доживува својата кулминација.

Според информации кои доаѓаат од бизнис секторот Стевчо Јакимовски е должен да одговори, дали поради булата од неколку милиони евра, општината не е во можност да ги исплати побарувањата кои што кон неа ги имаат неколкуте градежни компании и веќе имаат покренато и судска постапка со цел да си ги наплатат долговите кои што кон нив ги има Општина Карпош?

15 June 2012

И ТИПО е дел од спомениците на Бранко Црвенковски и СДСМ




Почитувани,

Денес се наоѓаме пред зградата на стоковната куќа ТИПО. Е во оваа зграда некогаш работеа над 200 работници, 200 семејства егзистираа, се прехрануваа. 
Сите тие останаа без работа на 15 декември, 2004 година, во период кога СДСМ беше на власт. Тогаш оваа фирма отиде под стечај.

Свечено пуштен во употреба уредениот простор околу Градскиот музеј во Крива Паланка


Заживувањето и одржувањето на културното наследство и развојот на културниот туризам во пограничниот регион помеѓу Македонија и Бугарија,  вчера беа свечено промовирани во Крива Паланка, како дел од проектот „Културното наследство –мост кон заедничка иднина“, што го реализира оваа општина во партнерство со бугарскиот град Дупница, а со финансиска подршка од ИПА програмата за прекугранична соработка.

На свеченото пуштање во употреба на реновираните простории и уредениот простор околу Градскиот музеј со урбана опрема за одмор и рекреација и детско игралиште, присуствуваа и заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски и заменик градоначалникот на Дупница, Красимир Георгиев.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

13 June 2012

СДСМ го договори да се гради, па ќе го руши Воинот на коњ ?!


Видовме признание на лидерот на ДУИ Ахмети, дека споменикот Воин на коњ бил договорен помеѓу ДУИ и СДСМ во периодот 2002-2006 година, кога овие две партии ја сочинуваа владата.

Тоа што Ахмети го тврдеше е вистина. Ова е одлуката за поставување на споменици која е донесена на 30 ноември 2004 година кога СДСМ имаше мнозинство во Советот на град Скопје, градоначалник беше кандидат на коалицијата предводена од оваа партија,а  СДСМ беше владеачката партија.

12 June 2012

Општина Карпош е во була од неколку милиони евра


Општинската каса на Карпош е во була од неколку милиони евра. Општината не може да го реализира предвидениот буџет за 2012 година.  И тоа немаше да биде проблем, доколку во Карпош изминативе години со потрошените пари нешто навистина се инвестираше,  доколку Јакимовски зад себе оставеше барем еден капитален проект по кој ќе го запаметеа граѓаните на Карпош. Тука е и проблемот почитувани граѓани.

10 June 2012

Црвенковски од најразвиен, го направи најсиромашен градот Велес



Слушаме дека СДСМ се во Велес.

Додека се таму да им објаснат на граѓаните во Велес како успеа додека беа на власт најголемата фабрика за порцелан на Балканот да ја внесат во тешки милионски долгови, да ја разграбаат и да остават над 4000 семејства без минимална егзистенција.

09 June 2012

РАДОВИШ ЕКСПО 2012

Во текот на денешниот ден заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на последниот ден од саемот на регионите од југоисточна Европа РАДОВИШ ЕКСПО 2012. Учесници на саемот ќе бидат претставници од региони од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Данска, Молдавија, САД и Турција. Учество на Радовиш Експо 2012 ќе земат и претставници на турското Министерство за култура и 7 плански региони од Македонија.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

08 June 2012

Каде одеа парите во времето на СДСМ?!


И денес ќе побараме одговор од СДСМ-каде одеа парите во нивно време кога не се градеше ништо? Ова е прашање на кое што одговор чека целата јавност. Една недела наместо одговор на ова прашање тие не клеветат и лажат. Ние се ќе истрпиме само нека дадат одговор на прашањето каде завршуваа парите во нивно време.

07 June 2012

Состанок на Заедничкиот консултативен комитет на РМ и ЕУ


Во текот на денешниот ден заменик министерот  за локална самоуправа Сашо Лазаровски во Штип, на Универзитетот „Гоце Делчев“ учествуваше на седмиот заеднички состанок на консултативниот комитет на ЕУ и Република Македонија.

За да виидте повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

06 June 2012

Меморијален Турнир во мал фудбал "Јован Миновски - Јозо"

Во текот на денешниот ден се одигра финалето на осмиот по ред Меморијален Турнир во мал фудбал "Јован Миновски - Јозо". Екипите на „Тиквичка“ и „Барселона“ по изедначените 2:2 победникот на турнирот го доби со пенали со што Барселона стана победникот на осмиот меморијален турнир по ред.
Сашо Лазаровски заедно со Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски го изведоа почетниот шут.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Зголемени субвенциите на земјоделците од 130 мил. евра



Во последните 12 месеци ВМРО ДПМНЕ и СДСМ излегоа со сосема различни предлози и политики за тоа како треба да се справиме европската должничка криза и со штетните последици кој од таа криза влијаат врз македонската економија.

03 June 2012

Св. Троица, Бардовци

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски беше гостин на селската слава во с. Бардовци. Жителите на Бардовци како добри домаќини не го криеа задоволството од присуството на гостинот, кој во повеќе наврати покажа и докажа дека има слух за нивните проблеми и потреби, како пред неполни три месеци кога со негово посретство беше организирана средба со директорот на Катастарот за недвижнини, кога огромен број од жителите на Бардовци имаа можност да ги разрешат своите проблеми од таа област.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

31 May 2012

Презентирана студија за инвестициските потенцијали на Скопскиот регион



Денес беше презентирана студија за инвестициските потенцијали на Скопскиот регион, која што ја изработиле Министерството за локална самоуправа и општините од главниот град.

Заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски посочи дека во студијата се содржани информациите кои што им се потребни на потенцијалните инвестотори.

-Во оваа студија има информации за потенцијалите за инвестирање во Скопскиот регион, за човечките ресурси, за инфраструктурата, каде е дозволено да се гради и сите останати инфомрации кои што ќе им бидат од корист на оние кои што сакаат да инвестираат во овој регион, посочи Лазаровски.

23 May 2012

Зошто Јакимовски ја продава општинската зграда?



Општината Карпош и Стевчо Јакимовски распишаа скандалозен оглас за продажба на новата општинска зграда.

Овој оглас ги потврдува сите наши сомневања дека се работи за однапред договорена зделка, зад која се кријат некакви лични и приватни бизнис интереси.

19 May 2012

Карпош е во долгови, Јакимовски го продава општинскиот имот


Расипничкото и недомаќинско однесување на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ја доживеа својата кулминација.  Општината  е во милионски долгови, а Јакимовски како покритие бара да се продаде новата општинска зграда, објект кој што само пред две години беше целосно адаптиран, изјави денес Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

18 May 2012

Карпош тоне во долгови



Касата на општината Карпош тоне во се поголеми долгови, истакна на денешната прес-конференција Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради покривањето на овој долг, но веројатно и поради потребата за покритие на сите сомнителни зделки кои станаа очигледни, Стевчо Јакимовски поднесе предлог за продажба на новата општинска зграда, објект кој што пред само две години беше целосно адаптиран од основно училиште во општинска зграда.

26 April 2012

Вложуваме пет пати повеќе од било која влада на СДСМ

Почитувани,
Во областите кои ги споменува Стевчо Јакимовски, актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дала најмалку пет пати повеќе средства од било која влада на СДСМ претходно.
А да не зборуваме за инвестициите во сфери како земјоделието, образованието и здравството каде што не пет, туку педесет пати повеќе средства се одвојуваат или досега се одвоени во споредба со времето на СДСМ.

31 March 2012

Лазаревски на состанок за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија

Во текот на вчерашниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на состанокот на заедничкиот Комитет за следење на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.
Тој во функција на ко-претседател на комитетот од Македонска страна оствари средба со ко-претседателот од Бугарската страна Николај Нанков заменик Министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.
На состанокот присуствуваше и г-ѓа Ана Репуло Грау, претставник на Дирекцијата за регионална политика на Европската Унија.
На состанокот беа предложени проекти за финансирање во вредност од околу 9 милиони евра, чија главна цел е подобрување на квалитетот на животот во пограничниот регион.
За да погледнете слики од состанокот кликнете на следниот ЛИНК!

29 March 2012

Сашо Лазаровски во посета на Македонска Каменица

Заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски во текот на денешниот ден беше во посета на Македонска Каменица. Таму оствари средба со Градоначалникот на Општината, г-дин Дарко Митевски од чија страна му беа презентирани бројните проекти на оваа општина.
Заменик Министерот продолжува со посетите на општините и во натамошниот период.

За да погледнете слики од посетата кликнете на следниот ЛИНК!

23 March 2012

Лазаровски во посета на Ресен

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски во хотелот Royal L во с. Царев Двор, Ресен присуствуваше на презентација од резултатите од проектот „Изработка на студија заповрзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина“, имплементиран од Центарот за развој на Пелагонински планински туризам.
Тука заменик Министерот оствари и средба со градоачалникот на Општина Ресен г-динот Михаил Волкановски.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 March 2012

Бесплатни превентивни прегледи за граѓаните на Карпош

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија Сашо Лазаровски заедно со Министерот за здравство Никола Тодоров го посетија пунктот за бесплатни превентивни прегледи во ТЦ Лептокарија.
Потоа г-динот Сашо Лазаровски имаше средба со градоначалникот на Општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

17 March 2012

По минатонеделната средба со жителите на Бардовци на која жителите најмногу се пожалија на проблемите со катастарот, овој викенд беше направена една поголема работа средба на која на лице место се решаваа проблемите на граќаните!
На средбата присуствуваа заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г-дин Сашо Лазаровски, директорите на републичкиот и скопскиот катастар, Љупчо Ѓорѓиевски и Славчо Трпевски, како и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

11 March 2012

Средби во Бардовци и Злокуќани

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-динот Сашо Лазаровски, заедно со Претседателот на Советот на Град Скопје г-ѓа Ирена Мишева, Пратеничките од Собранието на Република Македонија г-ѓите Косана Мазнева и Благородна Дулиќ, директорот на ЈП Водовод и канализација Тони Јаревски, советниците во Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, директорот на скопскиот катастар за недвижности и други раководители на сектори во подрачни единици од разни институции одржаа средба со граѓаните на месните заедници Бардовци и Злокуѓани каде што ги слушнаа проблемите на локалните жители кои беа пред се од локален комунален карактер.
Потоа г-динот Лазаровски заедно со Премиерот Груевски, Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и други бројни функционери присуствуваше на означувањето на почетокот со обнова на улицата 1 Мај со што по нејзината реконструкција ќе прерасне во современ булевар со четири коловозни ленти.

10 March 2012

Средба со граѓани и промоција на автобуси

Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски, Градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски, пратениците од Собранието на Р. Македонија Косана Мазнева и Благородна Дулиќ и директорот на ЈП Водовод и канализација Тони Јаревски остварија средба со жителите од долно Нерези во салата на Црквата Св. Пантелејмон.
На средбата граѓаните повеќе од час и половина поставуваа прашања до присутните функционери, иако доминираа прашањата поставени до градоначалникот Трајановски. Градоначалникот својата ажурност во решавањето на проблемите ја покажа со самото тоа што за еден од проблемите на жителите од Нерези веднаш излезе на терен со цел самиот да види што може да се направи за што поскоро решавање на истиот.
Потоа на паркингот од СЦ Борис Трајковски Премиерот Груевски симболично ги предаде во употреба на 68-те нови двокатни автобуси на Градоначалникот Трајановски.
Средбите продолжуваат и во наредните денови.
Линкови до:

09 March 2012

Низа проекти на Министерството за локална самоуправа

Министерството за локална самоуправа, спроведува проекти за намалување на невработеноста, но и други проекти за регионалниот развој и мерки што ги налага штедењето.


Заменик министерот за Локална самоуправа, Сашо Лазаровски, вели дека најбитен проект што го планира Министерството се 16те „Саеми на трудот“ што ќе се оддржат низ цела Македонија. Се планира во осумте плански региони да се оддржат по два во годината. МЛС на саемите ќе ги собира работодавците, невработените, општините и надлежните институции што ја водат економската политика на владата. На овие саеми ќе се најавуваат и инвестициите на територијата на општината.