26 April 2012

Вложуваме пет пати повеќе од било која влада на СДСМ

Почитувани,
Во областите кои ги споменува Стевчо Јакимовски, актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дала најмалку пет пати повеќе средства од било која влада на СДСМ претходно.
А да не зборуваме за инвестициите во сфери како земјоделието, образованието и здравството каде што не пет, туку педесет пати повеќе средства се одвојуваат или досега се одвоени во споредба со времето на СДСМ.
Да не се загрижува воопшто Стевчо Јакимовски, бидејќи токму во делот на Општина Карпош се планираат изградба и реконструкција на три булевари.
Го повикуваме Стевчо Јакимовски да не биде толку загрижен. Оваа година ќе се продолжи со проширувањето на булеварот Илинденска. Само да потсетиме, СДСМ правеше протести за проширувањето на Илинденска поради сечењето на неколку дрвца и ја кочеше реализацијата на овој проект.
Стевчо Јакимовски не треба да биде загрижен поради тоа што ќе се продолжи и со изградбата и проширувањето на булеварот Теодосиј Гологанов.
Дополнително, Стевчо Јакимовски нека не биде загрижен бидејќи ќе се отпочне и изградба на уште ден потполно нов булевар, во делот помеѓу Булеварите Партизански одреди и Илинденска.
Овие три булевари се проект кој што се едни од многуте проекти кои Градот Скопје досега ги реализирал или се во фаза на реализација. Само Стевчо нека ја откочи реализацијата на проектите кои се од интерес за сите граѓани.