19 January 2013

Прослава на Христијанскиот празник Богојавление - Водици

Заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски беше кум на денешната прослава на големиот Христијански празник Богојавление - Водици која се одржа во Црквата Св. Пантелејмон во Нерези. Прославата започна со свечена литургија, а потоа продолжи со осветувањето на водите на реката Вардат кај стариот железнички мост во Нерези, каде што на прославата и се приклучија и верниците од општината Ѓорче Петров, односно од Црквата Св. Петар и Павле.
На прославата присуствуваа бројни функционери од централната и локалната власт, меѓу кои Претседателот на Собранието на Р. Македонија г-дин Трајко Вељановски, Градоначалниците на Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров Стефчо Јакимовски и Сокол Митровски, но и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и други функционери од централната и локалната власт.
На овогодинешната прослава најмногу среќа имаше Кристијан Андреев од Нерези кој го извади Светиот Крст од водите на реката Вардар. За него, г-динот Сашо Лазаровски како кум на прославата обезбеди LCD телевизор.
Нека ни е за многу години празникот. БОГ СЕ ЈАВИ!

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

17 January 2013

Сашо Лазаровски - Кум за Водици во Нерези

Заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски е кум на овогодинешното празнување на Богојавление - Водици кое ќе се одржи на 19.01.2013 (Сабота) во Црквата Св. Пантелејмон во Нерези.
Празнувањето ќе започне со литургија во Црквата која ќе започне во 10:00 часот, а по завршувањето на истата присутните ќе се упатат на мостот на реката Вардар во Нерези каде што заедно со верниците кои ќе дојдат од Црквата Св. Петар и Павле од Општина Ѓорче Петров ќе го проследат фрлањето на Светиот Крст во водите на реката Вардар.
Ве покануваме и Вие да бидете дел од овој убав и свечен настан.

09 January 2013

Сашо Лазаровски, претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на вчерашниот ден на својата редовна седница, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на претседатели на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, при што г-дин Сашо Лазаровски е избран за претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!