29 September 2013

Средба со жителите на Бардовци, Злокуќани и Нерези

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски заедно со други функционери од локалната и централната власт оствари средба со жителите на Бардовци, Злокуќани и Нерези. На неа жителите на овие населени места имаа можност директно до надлежните функционери да ги пренесат своите проблеми и барања и во рамките на нивните овластувања и законски можности да изнајдат решение за истите.
Средбите продолжуваат и во наредниот период.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

21 September 2013

КАРПОШ И ЦИВИЛ ЗАЕДНИЧКИ ГО ЧЕСТВУВАА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ НА ООН

Општина Карпош заедно со ЦИВИЛ - Центар за слобода на платото на ТЦ Каропош 3 (Лептокарија) на оригинален и креативен начин го одбележаа 21 Септември, Светскиот ден на мирот и толеранцијата. На платото во Лептокарија се одржа Отворен ден за деца и млади, кој беше посветен на човековите права и ненасилството. Притоа, своето чествување учесниците од Карпош, но и од целата земја, го изразија преку сликарски творби и цртежи, а падна и првата клапа од документарниот филм на екипата на млади кои се формираше од Летната школа за камера, филмска продукција и водеоактивизам на ЦИВИЛ. По овој повод, на едно место, се споија младите кративци кои се дел од проектот на програмата на Civica Mobilitas „Сите бои на мојата земја“ и младите и надежни ликовни уметници учесници на ликовната колонија „Свети Пантелејмон“ која традиционално ја организира Општина Карпош.

19 September 2013

Средба со жителите на Влае

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски заедно со дел од советниците во Општина Карпош како и други функционери од локалната и централната власт остварија средби со жителите на урбаните заедници Влае 1 и Влае 2.
Граѓаните директно ги доставија своите прашања и предлози до надлежните функционери и можеа директно да ги добијат одговорите на истите.
Средбите продолжуваат во наредниот период.