21 September 2013

КАРПОШ И ЦИВИЛ ЗАЕДНИЧКИ ГО ЧЕСТВУВАА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ НА ООН

Општина Карпош заедно со ЦИВИЛ - Центар за слобода на платото на ТЦ Каропош 3 (Лептокарија) на оригинален и креативен начин го одбележаа 21 Септември, Светскиот ден на мирот и толеранцијата. На платото во Лептокарија се одржа Отворен ден за деца и млади, кој беше посветен на човековите права и ненасилството. Притоа, своето чествување учесниците од Карпош, но и од целата земја, го изразија преку сликарски творби и цртежи, а падна и првата клапа од документарниот филм на екипата на млади кои се формираше од Летната школа за камера, филмска продукција и водеоактивизам на ЦИВИЛ. По овој повод, на едно место, се споија младите кративци кои се дел од проектот на програмата на Civica Mobilitas „Сите бои на мојата земја“ и младите и надежни ликовни уметници учесници на ликовната колонија „Свети Пантелејмон“ која традиционално ја организира Општина Карпош.

Поздравувајќи го овој настан, Претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, истакна дека нашата општина важи за една која сестрано и посветено работи со младата популација, со децата и младинците, во насока на развивање на нивниот хуманистички и демократски капацитет. Токму затоа, рече Лазаровски, без двоумење се одлучивме да го поддржиме овој настан на кој, искрено се надеваме, дека децата и младите од Карпош, на еден оригинален начин, преку боите, преку своите цртежи и фантазија ќе ја отсликаат својата земја. Знам дека постојат многу начини да се сака својата татковина, со знаење, спорт, песна, но и со бои и промовирање на хуманистички идеи за љубов, мир и толеранција, рече Лазаровски. Заложба на општина Карпош е да се погодат вистинските етички вредности и во таа насока да се едуцираат младите и да се поттикнува и насочува развојот на нашите деца. Децата се нашата иднина, а како тие ќе ја обојат, ќе ни покажат, верувам, нашите млади веќе денес.

- Не случајно, Меѓународниот ден на мирот, прогласен од Обединетите нации, ние го почнувамеи го чествуваме од Општина Карпош, истакна во своето пригодно обраѓање, претседателот на ЦИВИЛ - Центар за слобода Џабир Дерала. Оттука сакаме да испратиме апел во обид да допреме до сите умови и срца на сите човечки суштества на планетата Земја. На овој ден треба да запрат сите насилства и војни и сите народи да се обидат да ги решат меѓусебните проблеми со преговори.Човековите права и слободи мора да се почитуваат, а храна и образование мора да му се даде на секое дете во светот.На Меѓународниот ден на мирот се придружуваат и мирољубиви луѓе,и затоа, сите заедно од тука, од Карпош можеме да испратиме моќна порака за мир. 

Секој човек може да даде свој придонес за надминување на омразата, предрасудите, култот кон оружјето, национализмот и насилството,заклучи Дерала. На крајот,претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ги повика сите највисоки државни институции да ја дадат својата поддршка кон мирот а овој ден Меѓународниот ден на мирот - 21 септември и Меѓународниот ден на човековите права (10 декември) да ги прогласат за национални празници. Во оваа пригода ЦИВИЛ-Центарот за слобода и врачи на Општина Карпош Благодарница за посебен придонес и поддршка на проектот „Сите бои на мојата земја“.Такви благодарници добија и учесниците во проектот од сите краишта на Македонија.

Погледнете повеќе на следниот ЛИНК!

Превземено од Општина Карпош