31 May 2012

Презентирана студија за инвестициските потенцијали на Скопскиот регион



Денес беше презентирана студија за инвестициските потенцијали на Скопскиот регион, која што ја изработиле Министерството за локална самоуправа и општините од главниот град.

Заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски посочи дека во студијата се содржани информациите кои што им се потребни на потенцијалните инвестотори.

-Во оваа студија има информации за потенцијалите за инвестирање во Скопскиот регион, за човечките ресурси, за инфраструктурата, каде е дозволено да се гради и сите останати инфомрации кои што ќе им бидат од корист на оние кои што сакаат да инвестираат во овој регион, посочи Лазаровски.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски посочи дека студијата отвора еден широк спектар за инвеститорите, каде што може да се информараат кои се зоните и секторите на инвестирање.

Според студијата таргетирани се околу 500 локации во сите општини од Скопскиот регион, каде што може да се инвестира во повеќе стопански гранки. Од студијата инвеститорите може да се информираат за изградба на спортски и туристички комплекси, производствени капацитети, трговски центри и друго.

Градоначалникот Митревски посочи дека во општината Ѓорче Петров активно се работи на подобрување на инфраструктурата, се со цел тој дел од градот околу обиколницата да стане поатрактивно место за инвестирање во стопански и станбени објекти.