09 May 2013

Велигденска средба во Нерези

Денес Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на Велигденската средбата помеѓу Црковниот и Џамискиот одбор од Нерези која се оддржа во просториите на Црквата Св. Пантелејмон во Долно Нерези, а беше во организација на Општина Карпош.
На средбата се разговараше за меѓуетничката и меѓуконфесионалната соработка во Карпош и за негувањето на заедничкото живеење и традицијата во оваа општина. По тој повод г-дин Лазаровски истакна:
„Оваа средба е дел од добрата соработка и соживотот што го имаат граѓаните на Општина Карпош, за кои отсекогаш била и ќе биде една убава традиција, особено во овој дел во Нерези, каде што живеат луѓе со мешан етнички состав. Општина Карпош, односно, јас, како Претседател на Советот, и Градоначалникот Стевчо Јакимовски ќе продолжиме да работиме во духот на соработката и постојано ќе настојуваме да дејствуваме заеднички за да има што е можно подобро разбирање за граѓаните заеднички да продолжат да живеат во мир, толеранција и пријателство на територијата на Општина Карпош“.
Своето задоволство го истакна и Хаџи Исмаили Невзат со тоа што му заблагодари на градоначалникот на Општина Карпош за соработката во текот на целата година. Кон истата честитка се придружи и отецот Круме Јаневски, кој истакна дека овие верски празници ги зближуваат граѓаните на Карпош и порача и идните генерации да го прават истото и да дозволат оваа традиција да опстане и понатаму.



Видеото е превземено од веб страната на ALFA TV

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!