31 May 2013

ВЛАЈКО КУП-2013

Во неизвесна и возбудлива атмосфера, вчеравечер, на терените од спортско рекреативниот центар во населбата Влае, се одиграа финалните натпревари од традиционалниот турнир во мал фудбал „Влајко Куп - 2013“во организација на Здружението Влајко ПРОАКТИВНИ ГРАЃАНИ Скопје. Во натпреварот за трето место кој беше исполнет со многу постигнати голови екипата на „Ол стар“ со 3 спрема 2 ја совлада екипата на „Давидов кафе“. Во финалето се сретнаа екипите на „Сендвичара 99“ и „Кај мајсторот“.
Прва во водство дојде екипата на „Кај мајсторот“ и предноста ја чуваа се до третата минута пред крајот, кога екипата на „Сендвичара 99“ успеа да го изедначи резултатот. Така,крајниот резултат на натпреварот беше 1 спрема 1 па мораше да се извевудаат пенали, во кои поуспешна беше екипата на „Кај мајсторот“.Фудбалерите на овој тим реализираа еден пенал од три обиди , додека екипата на „Сендвичара 99“ не реализираше ниту еден. Наградите за третото место за екипата на „Ол стар“ ги врачи селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години Господинот Боби Стојкоски. Претседателот на советот Сашо Лазаревски ги додели наградите на второпласираната екипа „Сендвичара 99“ . Градоначалникот Јакимовски ја врачи наградата на шампионите, а исто така ги додели наградите за најдобар играч на Горан Јовчевски од екипата на „Сендвичара 99“, за најдобар голман беше прогласен Един Прељевиќ од екипата на „Кај мајсторот“, и најдобар стрелец од истата екипа Бојан Ѓуровски.

Превземено од Општина Карпош