19 January 2013

Прослава на Христијанскиот празник Богојавление - Водици

Заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски беше кум на денешната прослава на големиот Христијански празник Богојавление - Водици која се одржа во Црквата Св. Пантелејмон во Нерези. Прославата започна со свечена литургија, а потоа продолжи со осветувањето на водите на реката Вардат кај стариот железнички мост во Нерези, каде што на прославата и се приклучија и верниците од општината Ѓорче Петров, односно од Црквата Св. Петар и Павле.
На прославата присуствуваа бројни функционери од централната и локалната власт, меѓу кои Претседателот на Собранието на Р. Македонија г-дин Трајко Вељановски, Градоначалниците на Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров Стефчо Јакимовски и Сокол Митровски, но и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и други функционери од централната и локалната власт.
На овогодинешната прослава најмногу среќа имаше Кристијан Андреев од Нерези кој го извади Светиот Крст од водите на реката Вардар. За него, г-динот Сашо Лазаровски како кум на прославата обезбеди LCD телевизор.
Нека ни е за многу години празникот. БОГ СЕ ЈАВИ!

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!