17 January 2013

Сашо Лазаровски - Кум за Водици во Нерези

Заменик министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски е кум на овогодинешното празнување на Богојавление - Водици кое ќе се одржи на 19.01.2013 (Сабота) во Црквата Св. Пантелејмон во Нерези.
Празнувањето ќе започне со литургија во Црквата која ќе започне во 10:00 часот, а по завршувањето на истата присутните ќе се упатат на мостот на реката Вардар во Нерези каде што заедно со верниците кои ќе дојдат од Црквата Св. Петар и Павле од Општина Ѓорче Петров ќе го проследат фрлањето на Светиот Крст во водите на реката Вардар.
Ве покануваме и Вие да бидете дел од овој убав и свечен настан.