04 October 2012

Проекти за прекугранична соработка во Источниот регион

Истоичниот плански регион преку Министерството за локална самоуправа во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија од вториот повик дополнително доби 12 проекти во вкупна вредност од  3,3 милиони евра.

Сретствата најмногу се искористени за инфраструктурни обејкти во повеке општини од регионот, како директна потреба на граѓаните, истакна на денешната средба со градоначалниците од Источниот регион заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски.

На првиот повик, во декември 2009 година општините од регионот поднесоа 93 апликации од кои беа одобрени 35 проекти. Вкупната вредност на финансираните проекти од првиот проект изнесуваа 6 милиони  и 370 илјади евра. На вториот повик во септември 2011 гоидина беа поднесени 122 апликации од кои беа одобрени 21 проект во вкупна вредност од 5 милиони и 900 илјади евра, истакна Лазаровски.

Во ноември, истакна тој,  ќе биде распишан третиот повик за прекугранична соработка со општините од Република Бугарија во вредност од 3 милиони и 100 илјади евра. Притоа тој ги повика градоначалниците од Источниот плански регион да подготват проекти и да аплицираат за добивање средства.

Заменик министерот за локална смаоуправа Сашо Лазаровска, освен соработката со Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија, ја најави и соработката со Република Косово, при што  ја најави изградбата на граничниот премин меѓу овие две држави кај месноста Беланковци-Станчич.

Заменик министерот за локална смаоуправа Лазаровски, денеска оствари средба со градоначалниците од Источниот регион, на која беше направена оценка на досега реализираните проекти од прекуграничната соработка на Република Македонија со Републчика Бугарија и искористување на средствата од предпристапните фондови на Евтропската унија наменети за оваа соработка.

Превземено од КУРИР