20 October 2012

СДСМ го потврди недомаќинското работење на Александар Петрески



Вообичаено СДСМ лиферува реакции за се и сешто, но вчера тие молчеа за самоволието и хаосот предизвикан од концесионерот на паркинзите во Охрид, избран од Општината Охрид и градоначалникот Петрески.

Ова значи дека и самата СДСМ е свесна за недомаќинското работење на нивниот градоначалник. Но тие свесно го толерираат неговото хаотично работење и го поддржуваат со самото тоа што го одреденија за нивен кандидат за градоначалник.

Социјалдемократскиот сојуз повеќе не се ни труди да го одбрани градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески.

Прескапата и паушална цена која ја наплаќа концесионерот на паркинзите во Охрид, го направи градот еден од најскапите  туристички центри.   Цехот од сето тоа го плаќаат граѓаните.  И тоа не само Охриѓани, туку сите граѓани на државата, вклучувајќи ги  туристите, кои со право се чувствуваат измамени.

Згора на се, Петрески наместо да го санкционира богатењето од паркинзите на грбот од граѓаните, тој по завршувањето на туристичката сезона излезе и јавно се жалеше за неуспесите и промашувањата од своето работење.

Наместо Петрески да констатира дека цената на паркинзите е висока, а СДСМ молчи и се крие, нека преземат конкретни чекори. Граѓаните на Република Македонија не се должни да ги плаќаат од свој џеб грешките на Петрески. Охрид наместо привлечна дестинација, не смее да се претвори во затворен град, по теркот и бизнис интересите на Петрески.