15 June 2012

И ТИПО е дел од спомениците на Бранко Црвенковски и СДСМ




Почитувани,

Денес се наоѓаме пред зградата на стоковната куќа ТИПО. Е во оваа зграда некогаш работеа над 200 работници, 200 семејства егзистираа, се прехрануваа. 
Сите тие останаа без работа на 15 декември, 2004 година, во период кога СДСМ беше на власт. Тогаш оваа фирма отиде под стечај.
Фирмата Типо беше систематски уништиувана во периодот на криминалната приватизација на Бранко Црвенковски, по истата шема како и сите останати фирми кои беа уништени во тоа време.
Кога ваквите фирми од соседството кои се занимаваа со мала трговија растеа, се развиваа и прераснуваа во гиганти, Владата на СДСМ ги затвораше. 
Овие 200 семејства кои останаа без егзистенција ја носат истата тешка и мачна судбина со 7 000 невработени од МЗТ, со 1 900 невработени од Годел Кожара, со 1 450 невработени од Славија, со 1 000 невработени од Газела, со 750 невработени од Треска Мебел-сите овие ја имаат тешката судбина на над 198 000 луѓе кои останаа без работа во време на Бранко Црвенковски.
Ова се делата на СДСМ. Затоа тие денес не сакаат да одговорат на главното прашање каде се трошеа парите во нивно време, кога не се инвестираше ништо, а фабриките се затвораа? Македонија памети! Граѓаните паметат.