08 June 2012

Каде одеа парите во времето на СДСМ?!


И денес ќе побараме одговор од СДСМ-каде одеа парите во нивно време кога не се градеше ништо? Ова е прашање на кое што одговор чека целата јавност. Една недела наместо одговор на ова прашање тие не клеветат и лажат. Ние се ќе истрпиме само нека дадат одговор на прашањето каде завршуваа парите во нивно време.

Ние ќе посочиме каде одат парите кога ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните. Тие одат во градење, во инвестиции и проекти -- во градби како што е стадионот зад мене -- Арената Филип Втори, чија изградба чини 50 милиони евра и траеше нешто повеќе од три години, и е со капацитет од 36 илјади седишта. За прв пат граѓаните на Македонија добија репрезентативен спортски објект.

Се градат и патишта:

· Завршена е реконструкцијата на 62 локални патишта во должина од 140км, во вкупна вредност од околу 575 милиони денари.

· Ќе посочам само мал дел-се изгради пат од с. Пеленице до с. Горно Количани, од Делчево до с. Вратиславци, од с. Сакулица -- до с. Шопско Рудари, од Валандово до с. Пирава, од с. Ајватовци до с. Мршевци, од Дебар до с. Коњари, од с. Русиново до с. Владимирово, од с. Брњарци до с. Стајковци

· Се изгради автопатската делница Табановце-Куманово во должина од 7.5 км, проект кој изнесува околу 15.5 милиони евра.

· Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, која е дел од Коридорот 8, на ниво на автопат во должина од 26.8 км. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 9.3 милијарди денари.

· Изградена е трета лента на делница од Дреново до Прилеп (Плетвар во вредност од околу 273 милиони денари.

· Изградена е клучката Прдејци, во вредност од околу 29 милиони денари.

Се делат и субвенции и земјоделска механизација на земјоделците. Само на земјоделците од битолско им беа доделени 42 од вкупно 80 трактори кој како проект го реализира владата.

Почитувани,

Сега парите одат, за градење, за патишта, за здравство, за образование, за спорт. Главното прашање каде одеа овие пари во време на СДСМ. Тогаш ништо не се градеше. Ја повикуваме СДСМ да се одважи, да не ги потценува граѓаните и конечно да одговори на ова прашање.