21 February 2013

Лазаровски на отпочнување на ИПА проект во Берово

Почитувани,
во текот на денешниот ден г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на отпочнување на проектот за изградба на кејот на реката Брегалница во Општина Берово финансиран преку ИПА фондовите на Европската Унија.
Во своето обраќање г-дин Лазаровски истакна дека во овој проект финансиран преку Европската Унија се вклучени Општина Берово од страна на Р. Македонија и Општина Сандански од страна на Р. Бугарија, а за истиот се планирани околу половина милион евра подеднакво распоредени за двете општини.
Со реализирањето на проектот централното градско подрачје во Берово ќе добие нов урбан имиџ. Со уредувањето на кејот на реката Брегалница и околниот простор Берово ќе добие нови содржини кои ќе бидат интересни за сите генерации како пешачка патека, велосипетска патека, скејт парк и простор уреден со урбана опрема.
Берово станува значајна туристичка точка во Република Македонија и Владата преку Министерството за Локална самоуправа ќе продолжи да го поддржува преку реализација на вакви и слични проекти.
Особено е важно што сретствата за реалзација на овие проекти доаѓаат од Европската Унија и досега заедно со Република Бугарија имаме отпочнато 53 вакви проекти односно 145 проекти отпочнати со сретства на Европската Унија наменети за погранична соработка на ниво на целата држава.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!