09 February 2014

Винаријада НЕРЕЗИ 2014

Трета година по ред жителите на Нерези под покровителство на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош го организираат настанот „Винаријада НЕРЕЗИ“.
И оваа година над 40 жители на Нерези, место познато по одгледување на лозови насади и производство на квалитетно домашно вино се натпреваруваа со своите производи. симболичните награди како и целата организација и оваа година се потпомогнати од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и Претседателот на Советот на Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски. Како и изминатите години и оваа сретствата собрани на оваа манифестација се донираа во добротворни цели.

За да видите повеќе кликнете на ЛИНКОТ!

03 February 2014

„Да го вратиме сјајот на фасадите“ е проектот кој ќе ја одбележи 2014 во Карпош

Понатаошниот текст е превземен од веб страната на КУРИР

Карпош, општина со огромна визија за иднината, планови, проекти и место каде што живее хуманоста и солидарноста во срцата на секој граѓанин. Катче кое со гордост го краси Градот Скопје.

Градоначалник е Стефчо Јакимовски, а носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Лазаровски е претседател на Советот на Општина Карпош. Своето искуство и идните планови на општината, Лазаровски накратко ги пренесува во интрвјуто за Курир.

Со кои барања даоѓаат граѓаните кај вас и како ги регулирате истите?

Барањата најчесто се од областа за катастарски услуги, односно легализација на диво изградените објекти и дозволи за градба. Понатаму, доаѓаат лица од социјално загрозени семејства барајќи помош, а општината секогаш наоѓа соодветен начин и им помага, болни лица на кои им се потребни срдства за лекување, помош при вработување и финансиска поддршка за спортските клубови кои функционираат на територијата на Опшина Карпош.

Во рамки на манифестацијата „Недела на енергетска ефикасност“ во Загреб, Република Хрватска беше одржана Меѓународна конференција во која свое учество зема и Општина Карпош, како единствена општина од Македонија. Кажете ни нешто повеќе што се случуваше во Загреб?

Оваа презентација се однесуваше на реконструкциите на јавните згради со примена на мерки за енергетска ефикасност на фасадите, прозорците и вратите, како и на искуствата од примената на „Правилникот за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти како услов за добивање на одобрение за градење од Општина Карпош“ во досегашниот период. Ова претставува единствена реална пракса на локално ниво која не произлегува од донесени законски акти на државно ниво, каде веќе Словенија, Хрватска и Србија поседуваат и почетни искуства. Самата презентација на нашето искуство, освен кај претставниците од овие земји, предизвика интерес и кај меѓународните претставници и организации присутни на конференцијата.