23 October 2012

Честит 23-ти Октомври


Честит 23-ти Октомври на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци.
На овој ден пред 119 години шест млади Македонски интелектуалци ја зачнаа идејата за создавање на една независна чисто Македонска револуционерна организација која одвнатре ќе се бори за слобода на Македонија и Македонскиот народ. Тие не ни сонувале што нивната организација ќе направи за Македонија и колку брзо ќе биде прифатена од народот. Токму затоа, денес на овој ден ние го славиме денот на Македонската револуционерна борба, ден кога е институционализирана револуционерната мисла на една мала група на млади Македонски интелектуалци во една конкретна организација со јасно истакната цел, слободна Македонија!
За многу години.

20 October 2012

СДСМ го потврди недомаќинското работење на Александар Петрески



Вообичаено СДСМ лиферува реакции за се и сешто, но вчера тие молчеа за самоволието и хаосот предизвикан од концесионерот на паркинзите во Охрид, избран од Општината Охрид и градоначалникот Петрески.

Ова значи дека и самата СДСМ е свесна за недомаќинското работење на нивниот градоначалник. Но тие свесно го толерираат неговото хаотично работење и го поддржуваат со самото тоа што го одреденија за нивен кандидат за градоначалник.

11 October 2012

Честит 11-ти Октомври

Честит 11-ти Октомври на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци.
На овој ден пред 71 година Македонскиот народ покажа дека нема да трпи ничија тиранија ни наметнати режими и преку заедничка сенародна борба дојде до своја држава.
За многу години денот на македонското народно востание.

04 October 2012

Проекти за прекугранична соработка во Источниот регион

Истоичниот плански регион преку Министерството за локална самоуправа во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија од вториот повик дополнително доби 12 проекти во вкупна вредност од  3,3 милиони евра.

Сретствата најмногу се искористени за инфраструктурни обејкти во повеке општини од регионот, како директна потреба на граѓаните, истакна на денешната средба со градоначалниците од Источниот регион заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски.

03 October 2012

Нов мост на реката „Мала Рада“ во Драчево


Во текот на денешниот ден заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија г-дин Сашо Лазаровски присуствуваше на пуштањето во употреба на мост на реката „Мала Рада“ , кој ќе ги спојува скопската населба Драчево со истоименото село. Овој мост е дел од програмата на градоначалникот на Општина Кисела Вода г-динот Марјан Ѓорчев од минатите локални избори.
Лазаровски во името на Владата на Република Македонија на Градоначалникот Ѓорчев му честиташе за овој капитален проект и ги повика и другите градоначалници на овој начин да ги решаваат проблемите на своите жители.